Во среда, 27.05.2015 година, со почеток во 14 часот во Амфитеатарот на ФИНКИ ќе се одржат предавања на професори од Бостон Универзитет. Предавањата ќе ги одржат Ирена Воденска и Лубомир Читкушев.
Ирена Воденска ќе одржи предавање на тема „Coupled network approach to predictability of financial market returns and news sentiments“. Предавањето на Љубомир Читкушев ќе биде на тема „Recursive InterNet Architecture (RINA): Preventing Internet from collapsing under its own weight“.
Апстракт од предавањето на Ирена Воденска можете да погледнете на овој линк[PDF], а нејзина биографија можете да погледнете во овој документ[PDF]. Биографијата на Љубомир Читкушев е достапна на овој линк[PDF], а апстрактот за предавањето е достапен на овој линк[PDF].
На предавањето поканети се да присуствуваат сите заинтересирани студенти.