Поканети се сите заинтересирани да учествуваат на информативен настан на Фондот за иновации и технолошки развој на кои ќе биде претставена можноста за финансирање преку инструментот Кофинансирани грантови за старт-ап, спин-оф претпријатија и иновации. Со цел подетално информирање во врска со процедурите за аплицирање и содржината на апликацискиот пакет, претставниците на Фондот ќе одржат презентациjа на Технолошко-металуршки факултет во Скопје на 18.03.2015 г. со почеток од 15:00 часот.

 
 
 

Сите заинтересирани потребно е да го потврдат нивното присуство на оваа е-пошта nikola.klopcevski@fitr.mk или на телефонот (02) 314 5258. Бројот на учесници е ограничен.

Фондот за иновации и технолошки развој ги охрабрува сите заинтересирани да го погледнат Јавниот повик на веб страницата на Фондот http://fondzainovacii.mk/?page_id=292 и да земат активно учество на настанот.

Агендата на настанот можете да ја погледнете на овој линк[PDF].