
Слободен софтвер Македонија и хаклабот КИКА на 28.03.2013 година во Амфитеатарот на ФИНКИ ќе одржат предавање и презентација на тема Google Summer of Code. Презентацијата ќе започне во 12 часот.
Програмата Google Summer of Code е создадена со цел да го поттикне учеството на студентите во развојот на слободен софтвер. Во текот на програмата, која трае три месеци, избраните студенти ќе имаат можност да работат преку Интернет на развој на некој од големите светски проекти базирани на слободен софтвер. Притоа студентите ќе добијат стипендија од 5 000 американски долари. Изминативе години во Google Summer of Code учествувале студенти и ментори од повеќе од 100 земји, а досега учествувале и повеќе од 10 студенти од техничките факултети од Македонија.
Подетални информации за настанот Google Summer of Code можете да добиете на овој линк, а детали за настанот можете да најдете на Facebook настанот за презентацијата.