
Global Swede е соработка помеѓу шведското Министерство за надворешни работи и шведскиот институт. На долгорочен план, избраните студенти може да служат како амбасадори меѓу Шведска и нивната матична земја, така што ќе обезбедат нови мостови во бизнис секторот.
На Тина Раниќ, заедно со други 20 студенти при шведските универзитети, ѝ беше доделена наградата Global Swede, како потврда за завидниот успех и достигнувања во областа на иновациите и претприемништвото.
Тина Раниќ, студент на ФИНКИ, моментално ја следи третата студиска година (преку Еразмус Мундус), при универзитетот Малардален (MDH), Шведска.
Одличниот академски успех и талент, социјалните вештини и силната посветеност кон нејзините соученици, кои Тина ги покажа за време на престојот, беа дел од причините што универзитетот ја избра токму неа како добитник на Global Swede.
