27/11/2011

Германското стопанство распишува конкурс за доделување стипендии за пракса во времетраење од 3 до 6 месеци во германски претпријатија. Праксата се однесува на студенти од областа на информатика и инженерство, кои се во последни студиски години или се дипломирани инженери со професионално искуство.
Во прилог е поставен информативен флаер, на кој има подетални информации за програмата, а крајниот рок за пријавување е 27.11.2011 година.
Дополнително, студенти заинтересирани за студирање во Германија можат да ја погледнат понудата на ДААД за доделување стипендии. Роковите за аплицирање се 31.10.2011 и 15.11.2011 година, во зависност од стипендијата за која се аплицира. Повеќе информации можете да најдете на блогот на ДААД Скопје.