Од 26 до 30 април оваа година, на Техничкиот Универзитет во Софија се одржа регионалниот инженерски натпревар –ЕВЕС Balkan, организиран од страна на БЕСТ. Победничкиот тим составен од Мартин Тимов, Ташо Ќосев, Александар Тасески и Александар Спасески, сите студенти на ФИНКИ, се пласираа во финалето на БЕСТ инженерскиот натпревар и го докажаа квалитетот на високото образование во Македонија. Натпреварувајќи се во категоријата Case Study, тие имаа задача да изработат студија за уред за спасување при природни катастрофи и за истата задача се истакнаа со најиновативното и најуникатно решение од сите тимови. Тимот ќе учествува на финалето кое ќе се одржи во Варшава во период од 1 до 9 август. Подетални информации за финалето на БЕСТ инженерскиот натпревар можете да добиете на официјалната веб страна.
 
 
 /> </div>
<div> </div>
</body></html>