26/08/2011

Во рамките на своите активности за поддршка на најдобрите кандидати кои се пријавија на уписите на Факултетот, а како продолжување на доделувањето на стипендии на најуспешните, ФИНКИ доделува стипендии на кандидатите кои во текот на средното образование освоиле прва, втора или трета награда на државен натпревар по информатика, математика или физика, како и на кандидатите кои освоиле прва, втора или трета награда на меѓународен натпревар од истите области. За најдобрите матуранти стипендијата ќе важи во текот на целото време од студирањето, доколку при тоа имаат просек над 9 и на време ги завршуваат студиите.
Добитниците на стипендии од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, се поделени во неколку категории.
Напомена: листите на кандидати со стипендии од ФИНКИ ќе се прошируваат согласно приложените дипломи, награди и потврди кои кандидатите ќе ги поднесат и во деновите на упис. За повеќе информации, погледнете го официјалното соопштение.
Кандидати со целосно ослободување од плаќањето на школарината за учебната 2011/2012 заради освоени награди од натпревари
Ваква стипендија добија следните кандидати:
- Ампов Марио, пријава бр. 202
- Андонов Јован, пријава бр. 464
- Божиновски Дејан, пријава бр. 201
- Бошковски Диме, пријава бр. 570
- Величковски Владо, пријава бр. 448
- Јанчески Ѓорѓи, пријава бр. 204
- Пројчев Стефан, пријава бр. 238
- Трајковски Кристијан, пријава бр. 225
- Чаусидис Филип, пријава бр. 504
- Димитриев Александар, пријава бр. 972
- Мијоски Димитриј, пријава бр. 765
- Доматески Дарко, пријава бр. 467
- Зероска Симона, пријава бр. 262
- Лазарова Наташа, пријава бр. 232
- Илиевски Владимир, пријава бр. 206
- Божиноски Стевица, пријава бр. 151
- Таневска Ана, пријава бр. 150
- Стојановски Филип, пријава бр. 145
Стипендијата за овие кандидати важи условно за секоја година доколку студентот постигне просек над 9,00 при редовен упис во следната учебна година.
Кандидати со ослободување од плаќањето 50% од школарината за учебната 2011/2012 заради освоени награди од натпревари
Ваква стипендија добија следните кандидати:
- Арсовски Александар, пријава бр. 327
- Атанасова Ана, пријава бр. 306
- Марковска Моника, пријава бр. 60
- Миладинов Дончо, пријава бр. 538
- Сечков Перо, пријава бр. 477
- Тодоровски Христијан, пријава бр. 56
- Хаџибанов Костадин, пријава бр. 795
- Дрангова Бојана, пријава бр. 179
Кандидатите плаќаат 50% од партиципацијата за квотата во која се рангирани. Стипендијата важи условно за секоја година доколку студентот постигне просек над 9,00 при редовен упис во следната учебна година.
Листа на кандидати со ослободување од плаќањето на школарината согласно условите од конкурсот
Ваква стипендија доби кандидатот:
- Ефтимов Јулијан, пријава бр. 775