07/05/2012

Студентската организација БЕСТ повторно нуди одлична шанса на студентите да ја покажат својата креативност, знаење и инженерска способност преку учеството во Европскиот БЕСТ инженерски натпревар (EBEC - European BEST Enginеering Competition).
На натпреварот тимовите од студенти ќе имаат можност да ги докажат своите способности натпреварувајќи се во 3 категории : Team Design, Case Study и IT Competition. Сите категории делат нешто заедничко: тие ги соочуваат студентите со предизвици со кои во пракса го тестираат своето теоретско знаење стекнато за време на студиите, пристапувајќи им на проблеми од најразлични инженерски дисциплини.
Оваа година натпреварот ќе се одржува на 9, 10 и 11 Мај во просториите на Факултетите ФИНКИ/ФЕИТ и МФС. Во текот на овие 3 дена тимовите ќе имаат можност секој ден да се натпреваруваат во различна категорија. Тимовите во текот на натпреварувањето ќе бидат следени и оценувани од стручно жири составено од професори и претставници од компаниите кои го подржуваат овој настан.
Компании кои оваа година го поддржуваат локалниот инженерски натпревар се Citroën и Seavus и тие се потрудија да обезбедат интересни награди за победниците.
Победниците во секоја категорија ќе бидат наградени за постигнатите резултати со вредни награди. Натпреварот е поддржан и од ИЕЕЕ како и од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Машинскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Веќе трета година БЕСТ Скопје го организира инженерскиот напревар на кој досега имаат земено учество над 80 учесници и успешни компании од државата.
БЕСТ - Борд на европски студенти по технологија преставува неполитичка и не профитна организација. БЕСТ на студентите им дава можност да го прошират своето знаење за теми кои го надополнуваат нивното образование преку организирање академски курсеви, инженерски натпревари, симпозиуми за едукација, тренинзи и културни размени. Од друга страна, БЕСТ исто така се стреми да го прошири пазарот на трудот преку саеми за вработување и кариера, работилници, воедно и водење на интернационален центар за кариера.
На натпреварот учество може да земат сите студенти на техничките факултети при универзитетот 'Св. Кирил и Методиј'. Заинтересираните студенти своите тимови можат да ги пријават на веб страната на настанот или во студентската оганизација.