15/06/2014

Би сакале да ве информираме дека на 17.06.2014 година (вторник), со почеток во 15:00 часот, во ФИНКИ (Амфитеатарот на ТМФ) ќе се одржат „МАСИТ ИKТ Наградите“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија.
Стопанската комора за информатички и комуникациски техонолгии – МАСИТ како член на WITSA (World Information Technology and Services Alliance), првонаградените решенија ќе ги номинира на “Global ICT Excellence Awards”, избор на награди кој се одржува на секои две години.
Оваа година, „МАСИТ ИKТ наградите“ ги опфаќаат следниве категории:
- Решение во јавен сектор
Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија имплементирани во државната администрација, локалната самоуправа и непрофитни организации, кои овозможиле зголемена ефикасност и транспарентност во работењето. - Решение во приватен сектор
Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија имплементирани во деловни субјекти, кои директно ги зголемиле нивните деловни можности и конкурентност. - Решение за дигитални можности
Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои значително ги зголемиле дигиталните можности за граѓаните на Република Македонија, во смисла на можности за користење на ИТ и пристап на Интернет. - Решение за одржлив раст
Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои промовираат одржлив економски раст, кој се дефинира како способност да се подобри финансиската и социјалната состојба во државата. Постојат три клучни предизвици: климатски промени, деградација / пад на ресурси и загадување. Во сржта на трите е енергетската ефикасност и улогата на ИКТ за да постигне истата. - Извонредни мобилни решенија
Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои ќе ја земат предвид успешната примена на мобилната технологија во областите на здравјето, социјалната свест, слободата на изразување, одржливиот раст, бизнисот и трговијата, ефикасната испорака на јавните услуги и транспарентноста.
Прво наградените решенија ќе бидат номинирани за учество на изборот на WITSA 2014 Global ICT Excellence Awards во рамки на светскиот конгрес за ИТ што ќе се одржи на 30ти септември во Гвадалахара, Мексико. Исто така, ќе бидат доделени признанија од страна на МАСИТ, за време на овогодинешната конференција “SEEITA and MASIT Open Days“.
Доколку сакате да ги видите најиновативните решенија на македонските ИКТ компании во горенаведените категории, како и да се запознаете со дел од тимовите на компаниите во склоп на кои во иднина е можно и да се вработите, ве покануваме на настанот.
Повеќе информации можете да најдете во агендата која ќе ја најдете на овој линк[PDF].