17/04/2011

Здружението на информатичари на Македонија во периодот од 01 - 03.04.2011 го спроведе централниот настан од 22-от циклус на натпревари по информатика „ XXII Државен натпревар по информатика“. На натпреварот беа поканети да учествуваат 60 средношколци кои покажале добри резултати на претходните натпревари од циклусот. Истите се натпреваруваа во две групи: основна и напредна.
Учениците постигнаа многу добри резултати, со што во ЗИМ очекуваат значителни резултати и на претстојните интернационални натпревари по информатика. Во основната група највисок пласиран освои ученикот во прва година Васил Кузевски од ПСУ 'Американска Гимназија Нова' – Скопје, додека пак Предраг Груевски, ученик во четврта година од ПСУ 'Јахја Кемал' – Скопје, беше најдобар во напредната група.
На учениците што постигнаа најдобри резултати на натпреварот им беа доделени целосни или делумни стипендии за студирање на ФИНКИ. Стипендиите се однесуваат на студирање на прв циклус студии на ФИНКИ, на студиска програма по избор, а беа доделени за време на свеченото прогласување на победниците.
