
Компанијата Cosmic Development е ИТ компанија која е ориентирана кон пазарот во Канада и Северна Америка. Со ексклузивни клиенти како JMG, Cosmic претставува значаен дел од социјалниот медиум. Просториите на Cosmic се лоцирани во новиот бизнис центар Меги во Скопје, Македонија.
Компанијата Cosmic Development воведува нова програма за размена на студенти на пракса. Поради партнерството со ФИНКИ, студентите на ФИНКИ кои ги завршиле студиите или се во последните години на студии, се први кои ја имаат можноста да бидат дел од нашиот нов проект Cosmic Internship. Проектот вклучува PHP и iOS/android програмери. Во текот на размената на праксата на студентите ќе им се овозможи сопствен работен простор, стекнување на искуство со избраната технологија, работа во реални тимови на тековни проекти кои се дел од нашата компанија. Праксата подразбира 2 месеци скратено работно време - 20 часа неделно. Практикантите ќе добијат потврда за пракса, соодветен број на кредити и месечен надоместок. Сите студенти кои се вбројуваат себе си како талентирани и тимски играчи, и кои се спремни да започнат со работа во која ќе уживаат, се наши потенцијални колеги.
Заинтересираните кандидати за PHP програмерските пракси потребно е да испратат:
- CV,
- пожелно е да имаат слушано 'Програмски практикум' (да се нагласи во CV);
Кандидатите, пак, за iOS/Android програмерскитe пракси потребно е да испратат:
- CV,
- опис на апликација (проект/семинарска/дипломска) која ја имаат изработено и препорака од професорот со кој имаат соработувано на соодветната апликација.
Документацијата да се испрати на internship@cosmicdevelopment.com, со назнака за 'Cosmic Internship - [PHP | iOS | Android]'.
Првиот рок за пријавување е до 25.02.2012 година.