После големиот успех на првите два Global Impact Competitions (GIC) во SEE регионот, аплицирањето е отворено за 2014 година .
 
GIC цели да најде проекти што можат да имаат позитивно влијание на животите на луѓето што живеат во специфичните региони што се засегнати. Победникот добива стипендија вредна $30.000 да учествуваат на Graduate Studies Program (GSP) во летниот семестар, 2014 на Singularity универзитетот. Стипендијата ги покрива трошоците за студирање и престој (Патните трошоци не се вклучени).
 
Singularity универзитетот - основан од големи технолошки компании во Silicon Valley и со седиште во NASA Research Park во Моuntain View има мисија да ги едуцира, инспирира и охрабри студентите да користат технологии што ги засегаат големите предизвици на човештвото. Учесниците на GSP програмата имаат можност да работаат заедно во интернационални и интердисциплинарни тимови со цел да ги разберат и користат овие технологии.
 
Сите заинтересирани може да се информираат и да се пријават на веб-страната www.sucee.eu со почеток од 6-ти декември 2013 до 32 јануари 2014.
 
Финалистите ќе ги презентираат своите проекти на Global Impact CEE финалето, пред селектирана комисија одбрана од SU факултетот и регионални извршители од големи корпорации. Финалето ќе се одржи во Будимпешта, Унгарија во средината на март, 2014.
 
Подетални информации може да се најдат во информацискиот флаер на натпреварот[PDF] или во овој документ