22/06/2012

Нашите студенти Драган Атанасов, Ева Томовска, Владимир Вета и Никола Мијановиќ креираа апликација со која учествуваа на натпреварот од Светска Банка чија цел беше да се подигне свеста за глобалните климатски промени.
Climatico е едноставна игра, поточно Facebook квиз преку кој играчите учат факти поврзани со екологијата, здравата исхрана, енергијата и економијата. За секој точен одговор се добиваат картички кои се со факти од отворената база на податоци на Светска Банка.
Climatico за неполн месец веќе ја имаа инсталирано над 500 корисници. Пробајте ја и Вие на следниот линк.
Нивната апликација влезе во конкуренција за награда со уште тринаесет други апликанти од Аргентина, Норвешка, Канада, Франција. Сите финалисти и останати податоци можете да најдете на блогот на Светската Банка.
Наградените ќе бидат прогласени на 28 Јуни во Вашингтон. Да им посакаме успех на нашите кандидати.