Агенцијата за електронски комуникации организира натпревар за изработка на апликации за платформи за паметни телефони и ги поканува студентите на ФИНКИ да учествуваат.
 
‘Која е твојата апликација’ е натпревар за изработка на апликации за трите најпопуларни оперативни системи за мобилни телефони, односно: Android, iOS и Windows mobile. Натпреварот е организиран од страна на АЕК со цел младите и амбициозни програмери да ја покажат својата креативност и талент, а со тоа и да го надоградат своето знаење. Целта на натпреварот е да се поттикне развојот на новите технологии на пазарот, како и да се поттикне користење на широкопојасен интернет.
 
Повеќе детали за натпреварот, како и информации за аплицирање можете да најдете во официјалното соопштение од АЕК