Global Game Jam е најголемиот интернационален настан за креирање на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48 часовен маратон. Како дел од International Game Developers Association (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка и експериментирање. Во 2018 година на Global Game Jam се сретнаа 47.000 џемери, се одржа на 803 локации во 108 земји и беа создадени точно 8.606 игри.

Македонија го започна своето учество во 2013 година, а оваа ќе се случува на три локации: Скопје и Битола. Во изминатите пет години интересот за учество беше изненадувачки голем. На него досега се сретнаа скоро 1500 учесници - професионалци, студенти, средношколци и ентузијасти од различни сфери за заедно да креираат игри, разменуваат знаење и остваруваат контакти. До сега се создадени 142 видео игрa во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти. Лани Македонија беше на 5то место во светот по бројот на игри создадени на нашиот настан по глава на жител. Оваа година сакаме да го подобриме тој пласман, преку зголемување на бројот на учесници.

Global Game Jam Македонија 2019 очекува да има преку 300 учесници на локациите. За нив ќе обезбедиме непрекинат интернет пристап, оброци, грицки, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и одмор. Очекуваме да продефилира публика од над 5000 луѓе за време на отварањето и затварањето, како и во текот на настанот.

Учеснициците се професионалци и студенти од ИТ индустријата. Тие се:

• Девелопери, 2Д и 3Д артисти, саунд дизајнери, продуценти и гејм дизајнери, експерти за монетизација,...

• Високо мотивирани, трендсетери и идни лидери во IT индустријата

• Просечната возраст на нашите учесници е 25 години

• 40% од нашите учесници работат како професионалци во ИТ индустријата

• Тие се почитувани членови на IT и on-line заедницата во Република Македонија

Повеќе информации може да се најдат на следниот линк

landing_page3307_0.jpg

0