Во гејмингот и понатаму најбараните позиции се уметниците. 2Д артист, 3Д артист, аниматор, Креативен директор, props, околина, концептуален дизајн… не им се знае бројот.
Затоа SGA тргнува во мала турнеја низ регионот. Во соработка со MGI и МАГДА претставуваме митап посветен на оваа тема. Во срцето на Скопје разговараме за разновидноста на оваа креативна професија која крајно исполнува, без разлика дали сте фан на AAA, инди или индивидуална работа. Овој настан SGA ќе го искористат и да спорелат информации за нивните Playing Narratives, проект низ кој младите се запознаваат со гејмингот.
ПРЕДАВАЊА
- Креирање на визуелен стил и асети за АА – Што е визуелен стил во игрите? Креирање на визуелен стил за Odium to the Core. Како изгледа креацијата на карактер за Скопје од идеја до реализација во игра.
- Гејм арт во инди игри: фусија на креативноста и гејмингот – Што е тоа што ка прави играта? Нејзината приказна, механика, атмосфера, звук, карактери,… но до овие компоненти мора да се стигне преку конципирање, а тука клучен момент е гејм арт. Ќе поминеме низ повеќе важни точки за гејм арт, градење и практична употреба на визуелни библиотеки, пренесување на концептот на хартија (или екран), наоѓање адекватен стил за проекти како и други основни компоненти од оваа област.
- Pocket-Sized Art: The Magic Of Making Optimized game assets – за најмалите екрани важат други правила, без разлика дали станува збор за карактери, UI или мапа. Овие игри требаат секојдневно да ги „враќаат“ играчите во нивните светови, па затоа овде креативната насока е малку поразлична.
- Playing Narratives – билет за влез во гејминг индустријата
Влезот е бесплатен, а по завршувањето на предавањата ве покануваме да останете за да се запознаеме и со пијачка да продолжиме муабет за нашата омилена тема, видео игрите. Се гледаме во Netaville.