ФИНКИ во соработка со ИКТ индустријата во Македонија започнува серија на настани, наречена FINKI Industry Learn & Talk, насочени кон споделување на знаења и искуства меѓу ИКТ компаниите. Целта е настаните е да претставуваат заеднички простор, каде ќе се разменуваат искуства, ќе се промовираат технологии и ќе се споделува знаење меѓу компаниите. ФИНКИ останува отворен за ИКТ компаниите да предложат теми за идните настани како и активно да се вклучат во истите со свои експерти.

picture1_2.png

Првиот FINKI ILT 2018#1 насловен “Cloud Days” ќе се одржи од 13 дo 15 февруари, каде вработените во ИКТ секторот и Tech-ентузијастите ќе се фокусираат на cloud технологијата. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со нови технологии и да разменат искуства преку интеракција со компании кои работат директно со  cloud технологиите.

Настанот ќе опфаќа теми како што се cloud architecture и cloud провајдери, микросервиси, и serverless architecture. Процесот на споделување на знаења ќе се реализира во форма на работилници, со презентации и практични демонстрации од страна на предавачите, на нивните искуства со користењето на овие IT технологии, како и дискусии и сесии со прашања и одговори со публиката. Како што укажува самото име, целта е учесниците да научат преку дискусија.

На настанот може да присуствуваат најмногу 80 учесници, од кои 50 ќе бидат претставници од IT индустријата, додека пак останатите 30 ќе бидат одбрани студенти. Сите заинтересирани компании можат да ја видат програмата и да се покажат интерес за учество на еден или повеќе денови на следниот линк.

За организаторите. Настанот го организираат ФИНКИ, GSG, и DoxTeam, со поддршка на студентскиот парламент на ФИНКИ

Идни активности:

  • Втор ILT планиран за мај 2018 на тема DevOps
  • Саем за вработување и пракси „КОНТАКТ“ во организација на СПФИНКИ (www.kontakt.org.mk)

GSG (Global Savings Group), основана во Минхен во 2012 година, е водечка глобална бизнис платформа која обединува купопродажни дигитални модели со цел да креира добитен екосистем за издавачи, огласувачи, и консументи.

Основана во 2008, doXteam се етаблира како водечка компанија за развој на софтвер во Македонија. Тимот на компанијата работи со најнапредни технологии со цел да oвозможи секоја идеја на клиентите да стане реалност.

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) е резултат на здружувањето на двата најголеми институти од областа на информатиката и компјутерската техника во Македонија – Институтот за информатика (ИИ) при Природно-математичкиот факултет и Институтот за компјутерска техника и информатика (ИКТИ) при Факултетот за електротехника и информациски технологии. Од 2011 година тие и формално започнуваат да чекорат по заеднички пат како најсилна и најнапредна научно-истражувачка и образовна институција во Македонија од областите на информатиката.

Информации околу пријавувањето студентите ќе добијат по маил преку Студентскиот информативен центар.

Повеќе информации на https://www.ilt.finki.ukim.mk/

picture2.png             picture3.png

 

 

0