Под мотото  „Сајбер баланс – добросостојба во дигиталното образование“, во просториите на ФИНКИ, на 8-ми и 9-ти ноември се одржа овој хакатон за првпат во Македонија, под покровителство на Европската комисија преку DigiEduHack, со поддршка од MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет.
Наградата за прво место ја делат тимовите:

  • "ScreenSense" со учесниците: Никита Митевски, Димитар Јанев, Даниел Јанев, Матеј Стоилковски и Мите Атанасов
  • "SafeSpace" со учесниците: Кирил Цветков, Андреј Трендов, Филип Михаилов и Кире Ангелов

Специјални награди беа доделени на следниве тимови:

  • Најиновативна примена на ВИ: "CyberSafe" со учесниците: Diar Saliu, Jetmir Ramadani, Lek Lleshi, Blend Etemi, Erion Ramadani
  • Млади иноватори: "AMi-Planner" со учесниците: Arbin Cerkezi, Adem Ademi
  • Општествено одговорна идеја: "Hear&See Safe" со учесниците: Маргарита Димитријеска, Сандра Илиевска, Марија Јовева, Кристина Маркоска
  • Најуникатна идеја: "TokenTown" со учесниците: Ева Ќурчиска, Сара Стојанова, Стефан Фрчковски, Тамара Тодоровска
  • Најкреативна презентација: "DvorUM/MindGarden" со учесниците: Марин Наумоски, Јован Циркоски, Тамара Чавкоска, Кирил Перески

Сите средношколци од тимовите кои освоија прва награда, како и средношколците од четврта година од тимовите кои освоија специјални награди (Кирил Перески од СОУ Гимназија Д-р Ибрахим Темо, Струга; Јован Циркоски од СОУ Гимназија Д-р Ибрахим Темо, Струга; Јетмир Рамадани од "Математичко Информатичко Гимназија - МИГ") добиваат ваучери за студирање на ФИНКИ. 

Им честитаме на сите наградени тимови и на сите останати за учеството во иницијативата за балансирање на менталната добросостојба во дигиталната ера!

0