ФИНКИ, со поддршка на иновациските ваучери од ФИТР, учествуваше во изработка на физибилити студија за подобрување и оптимизација на производите и капацитетите на компанијата Hoyo Tech
Под раководство на доц. д-р Петре Ламески, беа направени препораки и насоки за развој на алгоритми со вештачка интелигенција кои се вклучени во сите производи на Hoyo Tech, вклучувајќи ги производите за управување со флота, паметен дом и паметни вендинг машини. Дополнително, методите и алгоритмите кои се разивени, се применливи и за било кој друг иден производ од компанијата.
Физибилити студијата дава јасни упатства за краткорочни, среднорочни и долгорочни цели за понатамошниот развој на производите. Со помош на оваа физибилити студија, производите на компанијата добиваат значајна предност во однос на конкуренцијата и стануваат доста покомпетитивни, како на домашниот, така и на светските пазари.