На 02.10.2024 од 9:00 во новиот амфитеатар на ФИНКИ ќе се одржи конференцијата „Иднината на дигиталните иновации – симпозиум за соработка со академијата и индустријата“.
На конференцијата ќе бидат споделени информации за новоформираниот Центар за дигитални иновации - ДигитМАК, вклучувајќи ги неговите основни цели како и услугите што ги нуди за поддршка на дигиталната трансформација низ различни сектори.
Преку неколку панел дискусии и презентации ќе бидат опфатени важни теми како што се претстојните отворени повици за предлог проекти и европските иницијативи за корпоративни иновации, како и презентација на програмите на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) дизајнирани за поддршка на иновации и раст. Дополнително, ќе се разговара за конкретните можности на EIT (European Institute of Innovation and Technology) кои се достапни за македонската бизнис заедница како и искуствата за поттикнување на соработка и развој од EEN (Enterprise Europe Network) и УНИКА, мрежа на универзитети на главни градови од Европа.
На конференцијата ќе биде прикажан значителниот напредок во рамките на проектот EuroCC,2 кој има за цел да ги подобри европските способности за пресметување со високи перформанси и вештачката интелигенција. Исто така, ќе има и сесија фокусирана на суштинските аспекти на правата на интелектуална сопственост за да ги води организациите во заштитата на нивните иновации.
По главната програма, ќе има можности за кратки состаноци, фокусирани на услугите на ДигитМак, вклучувајќи:
- Проценка за иновативната зрелост на компаниите
- Образовни и тренинг програми
- Дигитализација и дигитални услуги
- Пристап до финансии
Повеќе информации за конференцијата можете да најдете на линкот.