Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Машински факултет – Скопје и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во соработка со ADAC Automotive, реномирана компанија која добавува свои решенија за влез и излез од автомобили за компаниите Ford, General Motors, Stelantis, Honda, BMW, Mercedes, Tesla и други, распишува отворен повик за учество на натпревар за развивање на идејно решение за влез/излез од автомобил. Предизвикот на натпреварот е да се развие идеен концепт за тоа како луѓето ќе влегуваат и излегуваат од своите возила во иднина, а финалето на натпреварот Team3Win ќе се одржи во првата недела од јуни 2024-та година.
Натпреварот Team3Win e продолжување на серијата вакви натпревари кои за жал беа прекинати со пандемијата. Овој пат натпреварот е во соработка со етаблирана меѓународна компанија од автомобилската индустрија со седиште во Мичиген, САД. Темата на овогодинешниот натпревар е развој на идејно решение за влез/излез од автомобил во 2035-та година.
Повикот за пријавување на натпреварот трае до 25.03.2024 година.
Преку стратешко партнерство со УКИМ, ADAC Automotive им овозможува на студентите на УКИМ да работат на идејно решение на глобален предизвик во автомобилската индустрија.
Сите студенти од УКИМ се поканети да се пријават на натпреварот. Тимовите треба да сочинуваат 4 до 5 члена, но доколку некој сака да учествува, а нема тим, може да не контактира за да најдеме решение. Можеби токму вашето решение ќе биде поставено на идните автомобили! Се препорачува членовите од тимот да бидат од најмалку три различни студиски програми. Најдобрите на натпреварот ќе добијат атрактивни парични награди, изработка на прототип во ФАБЛАБ и можност за посета на компанијата во САД.
Пријавувањето е на следниот линк: https://forms.office.com/pages/responsepage.aspx?id=LuWhupzR10mkrdWyOhzhtr69UwRxA_NErWJ5MaqjvIBUN0hUQTlEUVRRTVBPWVNNRk5DOUpKTUtWUi4u