Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје организираат Саем на студии во Франција кој ќе се одржи во четврток, 27-ми октомври 2016, во Националната и универзитетска библиотека во Скопје. Оваа манифестација им овозможува на француските универзитети да им ја презентираат својата богата програма на средношколците и студентите. Европскиот контекст ги поттикнува младите да внесат разновидност во нивното универзитетско образование, а Франција им нуди реална можност за истото. 

Мобилноста на младите од оваа земја за студии во Франција е приоритет на Амбасадата на Франција и одделот Кампус Франс при Францускиот Институт во Скопје. На саемот ќе бидат присутни Алумни, поранешни македонски студенти во Франција, стипендисти на француската влада, кои ќе го споделуваат своето искуство со посетителите. Отворањето на платформата Франс Алумни Македонија која ќе им овозможи на поранешните македонски студенти во Франција да се приклучат на големата фамилија Франс Алумни од целиот свет. 

Саемот свечено ќе биде отворен во 12:00 часот, во присуство на Н.Е.Г-дин Кристијан ТИМОНИЕ, амбасадор на Франција и Г-дин Пиштар ЛУТФИУ, Министер за образование и наука. На саемот ќе бидат присутни претставници на Универзитетската агенција за франкофонија, во која што членува Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" од Скопје што овозможува пристап до сите нејзини програми за поддршка на универзитетска соработка и мобилност. 

Агендата на настанот може да ја погледнете во прилог.

ДокументГолемина на документ
PDF icon Агенда663.81 KB
1