07/11/2016
Студентскиот Парламент на УКИМ во соработка со Амбасадата на Руската Федерација организира настан "Руски интелектуален квиз „ШТО? КАДЕ? КОГА?“. Настанот ќе се одржи во бараката Нокиа на ФИНКИ на 28.11.2016 год.(понеделник) во 18.00 часот. На настанот може да се пријавите како поединец или во тим составен од најмногу 6 лица. Тимот што ќе одговори на најголем број прашања станува победник и сопственик на главниот трофеј на турнирот – „Бронзен ут“.
Повеќе детали за настанот, како и форма за пријава може да најдете на официјалниот настан.
0