На ден 27.04.2016, во Амфитеатарот на ФИНКИ со почеток во 15:00 ќе се одржи предавање од организаторите на codefu.mk: Александар Ников и Јордан Паликрушев.

Предавачите ќе презентираат решенија и објаснувања на десетина задачи со различна тежина, од најлесните па сé до најтешките.

Предавањето ќе биде отворено за сите студенти, за тие што се натпреварувале а и за тие што не се осмелиле да се натпреваруваат.

Повеќе информации за натпреварот CodeFu може да најдете на официјалната страна: http://codefu.mk/

 
1