Ни претставува голема чест да Ве поканиме на предавањето на тема „The myelin-weighted connectome: A new look at neurodegenerative diseases“ што ќе се одржи на 20.12.2022 година со почеток во 13:00 часот од страна на д-р Томи Бошковски.

Предавањето ќе се организира како резултат на заедничката соработка меѓу ИЕЕЕ одделите за копјутери од Естонија, Норвешка, Обединетото Кралство и Ирска, Данска, Полска, Египет, како и одделите за компјутери (C16), едукација, роботика и автоматика, системи, човек и кибернетика (E25/RA24/SMC28), телекомуникации (COM19), теорија на информации (IT12), здружениот оддел за процесирање на сигнали и инженерство во медицината и биологијата (SP01/EMB18), афинитетната група на доживотни членови на ИЕЕЕ, (LM80077) при македонската секција на ИЕЕЕ, како и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Факултетот за Електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) и групата Data Science Macedonia. 

Повеќе информации за настанот, темата и предавачот може да најдете на овој линk

0