Во IT Labs продолжува обуката за Дизајн на чипови со HDL и летово ќе се одржува 1 месечна пракса почнувајќи од 3ти јули. Праксата ќе биде наменета за студенти кои имаат завршено најмалку 2ра година или дипломци од техничките факултети.

 

 

Предуслов за следење на обуката е предзнаење од: 

  • Дизајн на дигитални кола
  • Дискретна математика
  • Електрични кола
  • Компјутерска електроника

Предност при селекцијата би носело: 

  • Успешно положени испити од Напредна електроника
  • Основно разбирање на Хардверска конфигурација со VHDL 

Праксата ќе биде менторирана од експерти во областа, со програма која е наменета да ги запознае студентите со потребните вештини и техники за дизајнирање на HDL базирани системи.

Повеќе информации можете да најдете овде.

Сите заинтересирани студенти можат да аплицираат на следниот линк: https://apply.workable.com/it-labs1/j/D3F634E29D/ или со испраќање на CV до talent@it-labs.com.

1