Артисофт (www.artisoft.net) ги поканува сите заинтересирани студенти од последната студиска година на ФИНКИ со изразена желба да учат нови работи и имаат некакви почетни знаења, да аплицираат за слободните позиции за пракса во компанијата.

Искористете ја вашата можност за пракса во една од водечките компании за изработка на SaaS (Software as a Service) решенија во регионот.

Тримесечниот работен ангажман за време на праксата опфаќа 40 часовна работна недела со флексибилно работно време. Во овој период на студентите ќе им биде дадена можност да работат на тековни проекти во компанијата и со најнови и најмодерни технологии (Cloud, Big Data & Search технологии).

При изборот на практиканти, предност ќе им биде дадено на канидатите што имаат искуство во работа со бази на податоци, Web development (HTML, CSS).

По завршувањето на праксата, најуспешните кандидати ќе добијат и можност за вработување во Артисофт.

Заинтересираните кандидати можат да го испратат своето CV преку email на praksa@artisoft.net најдоцна до 26.08.2016 година.

 

 

 

 

1