04/05/2016
Во рамките на ERASMUS програмата на 5.5.2016 (четврток) во 11:00 часот во просторијата 223 на ФЕИТ ќе се одржи покането предавање на тема Оперативни Системи и Апликативен Софтвер за Безбедносно-критични Вградливи Системи од докторандот Предраг Филиповиќ.
Вградливите системи зафаќаат повеќе од 90% од вкупниот глобален учинок на сметачки уреди. Забрзаниот развој на технологијата допринесува да моќноста на ваквите уреди се зголеми неколкукратно, што резултира во се поширок дијапазон на нивна употребливост, како во секојдневниот живот така и во безбедносно-критични апликации. Во рамките на оваа предавање, студентите ќе имаат можност да се запознаат со карактеристиките на безбедносно-критични вградливи системи воопшто како и на оние кои работат во реално-време со посебен акцент на оперативниот систем и апликативниот софтвер.
Кратка биографија:
Предраг Филиповиќ е докторанд при Mälardalen University, Шведска во рамките на институтот за вградливи системи што работат во реално време (real-time embedded systems). Како член на групата за Формално Моделирање и Анализа на Вградливи Системи (Formal Modeling and Analysis of Embedded Systems) работи во полето на формално специфицирање, моделинрање и верификација на софтвер за безбедносно-критични вградливи системи. Неговата истражувачка работа е во соработка со два индустриски партнери, Volvo GTT и Scania, во рамки на проект во кој целта е да се развијат техники и методи за верификација на комплексни софтверски решенија во автомобилската индустрија.
0