Фондација Метаморфозис во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација за првпат организира Хакатон за отворени податоци, овозможен преку поддршката на Проектот на УСАИД за Граѓанско учество и Фондот за иновации и технолошки развој.

Oвој 48-часовен предизвик има за цел да собере и поттикне млади, креативни и иновативни луѓе да изработат демо иновативни софтверски и мултимедијални решенија. Креираните алатки ќе треба да ги доближуваат отворените податоци објавени од државните институции до граѓаните.

Повеќе информации може да се најдат на следниот линк.

1