Бидете дел од ИТ тимот на Стопанска банка а.д. Битола како дел од Програмата за млади таленти и започнете ја Вашата кариера со најкомплексните и најперспективните ИТ трендови и користење на  најмодерните технологии во финансиска институција со долгогодишна традиција

 

Програмата вклучува:

- три месеци практикантска работа;

- учество во секојдневни работни активности во ИТ секторот;

- учење од ИТ професионалци и Банкарски бизнис корисници;

- основни обуки и

- можност за идно вработување

 

Услови за аплицирање:

Редовни студенти на додипломските студии од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје при УКИМ од сите студиски програми од последна студиска година или стекнат апсолвентски статус

 

Вие сте кандидат кој го очекуваме доколку сте:

- проактивни, самоиницијативни и љубопитни;

- ентузијасти што се стремат кон постигнување тимски резултати и доколку

- добро познавање на англискиот јазик и имате соодветно познавање на програмски алатки, бази на податоци, системски софтвер

 

Вашите апликации (кратка биографија и мотивациско писмо) ги очекуваме на hr@stbbt.com.mk најдоцна до 21.5.2021 година.

Изборот на најмалку 3 (три) практиканти ќе биде спроведен во мај 2021 година преку процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа со можност на обавување на праксата на две локации во Скопје или Битола.

 

Праксата ќе се обавува сите работни денови со овозможување на минимум 4 часови задолжително активно присуство, со можност за продолжување по Ваш избор

 

Во текот на изведување на праксата ќе биде обезбеден паричен надомест на практикантот за целото времетраење на праксата со воспоставување на менторски систем на изведување на праксата

 

Учете, напредувајте, бидете корисен излезете од конформната зона

 

Ве очекуваме,

 

1