Компанијата Артисофт има потреба од проширување на тимот. Со таа цел имаме потреба од практиканти, кои по завршената пракса ќе имаат и можност за вработување во нашата компанија. Кандидатите треба да се во последната студиска година.
Потребен е профил на личност која знае да размислува проактивно, сака да стекнува нови вештини и знаења и преку тимска работа да го даде својот придонес во насока на постигнување на целите на компанијата.
Се нуди можност за одлични услови за работа и професионална надоградба.
Работниот ангажман за време на праксата опфаќа 40 часовна работна недела со флексибилно работно време.
Потребни квалификации:
- Основни познавања од областа на: HTML, CSS, JavaScript, PHP, …
- Основни познавања од областа на бази на податоци: PostgreSQL, MySQL, Oracle, …
- Солидно познавање на англиски јазик.
- Кандидатите со познавање на ColdFusion ќе имаат предност.
Опис на работно место:
- Организирана работа во тим;
- Full stack development
- Комуникација со клиенти;
Заинтересираните кандидати можат да ги достават своите CV-а на
со назнака “За пракса во Артисофт “. Рокот за пријавување е до 17.08.2017 година