Ретко кој веб-развивач, особено на почетокот на својата кариера, е запознаен со концептот на веб-пристапност. Во исто време, над 20% од популацијата во Европа се соочува со некоја форма на попреченост, поради што многу веб-сајтови за нив се тешко достапни или речиси неупотребливи. Иако темата сè уште е недоволно застапена кај нас, познавањето на стандардите за пристапност станува сè поважна вештина во современиот веб-развој.
Во таа насока, проектот WebEmpower: Дигитална пристапност и социјална инклузија (предводен од ФИНКИ) комбинира обуки за академски кадар и студенти, како и анализа на јавни веб-сајтови од страна на студенти, експерти и лица со попреченост, со цел да се добие реална слика за состојбата и да се придонесе кон создавање поинклузивни дигитални услуги.
Како завршна активност на проектот, следната недела на ФИНКИ организираме серија настани:
24.3.2026 (вторник) во АМФ на ФИНКИ – тематски и интерактивни работилници:
• 9:30 ч. – за веб администратори: фокус на подобрување на јавните услуги за сите граѓани (форма за регистрацијалинк со детали)
• 12:00 ч. – за веб девелопери: практични техники за пристапен веб-развој и WCAG стандарди (форма за регистрацијалинк со детали)
• 15:00 ч. –за лица со попреченост: дискусија за корисничките права и идентификација на реалните бариери (форма за регистрацијалинк со детали)
Работилниците ќе ги водат:
  • Антун Смердел – експерт за пристапност, кој ќе демонстрира како лицата со оштетен вид ги користат читачите на екран и со какви бариери се соочуваат
  • Маша Маловрх – водечки експерт со децениско искуство во евалуација и обука за пристапност
25.3.2026 (среда) во 11 ч. во голем АМФ на ФИНКИ – тркалезна маса (главен завршен настан, форма за регистрацијалинк со детали):
Дискусија за состојбата и предизвиците со дигиталната пристапност во Северна Македонија. Покрај претставници од институциите и академската заедница, во дискусијата ќе учествуваат и:
  • Барт Симонс од Белгија (AnySurfer) – експерт чија методологија за сертификација е национален стандард во Белгија.
  •  Леонид Индов – студент на ФИНКИ со мобилна попреченост
  • Петар Христовски и Филип Најдовски (EaseAccess24) – претставници на компанија која нуди решенија за веб пристапност
По завршувањето на настанот е предвидено коктел-дружење.
Настаните ќе овозможат на едно место да се слушнат сите перспективи – од реалното користење и пречките на лицата со попреченост, преку техничките решенија, до тоа како се развиваат веб-апликации во пракса.
Присуството на настаните е одлична можност да стекнете знаења и вештини кои ќе ви користат во вашиот иден професионален развој. Ве молиме да го најавите вашето присуство преку формите за регистрација на горенаведените линкови.
Ве очекуваме заедно да градиме дигитален свет кој функционира за сите!
 
1