Мартин Динев, дипломиран инженер по информатички науки и компјутерско инженерство, насока Компјутерски науки
Мартин Динев е роден на 19.06.2001 година во Валандово, Северна Македонија. Основно образование завршил во родното место Пирава, а средно образование во Струмица во СОУ Никола Карев. Во 2019 се запишува на додипломски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје, на насоката Компјутерски Науки. Дипломирал во Октомври 2023 со просечна оценка 9.59, со дипломска на тема „ Современи методи и алатки за изучување и примена на мултимедијални технологии“, под менторство на проф. д-р. Миле Јованов.
Во учебната 2023/2024 се запишува на магистерски студии на ФИНКИ, насока Едукација со ИКТ.
Мартин Динев во учебната 2019/2020 држел часови на деца за подготовки за натпревари по информатика во СЕМОС Едукација. Во учебната 2022/2023 држел подготвителна настава за меѓународни олимпијади по информатика на талентирани ученици избрани според резултатите од државните натпревари по информатика за средношколци.
Во учебните 2022/23, 2023/24 и 2024/25 држел лабораториски вежби и аудиториски вежби на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје по предметите Структурно Програмирање; Мултимедијални Технологии; Алгоритми и Податочни Структури; Веројатност и Статистика; Вештачка Интелигенција; Дизајн на Алгоритми и Е-учење.
Во Декември 2022 учествувал на втората „Global Conference for Giftedness and Creativity“, каде во соработка со кандидати од топ 100 рангирани универзитети или со исклучителен успех на меѓународни олимпијади ја фасцилитираа мисијата на „Mawhiba“ за создавање на глобална платформа за таленти.
Во Октомври 2023 и Октомври 2024 учествувал во имплементирање на IEEEXtreme глобалниот предизвик на локално ниво. Во Октомври 2023 учествувал во научниот комитет на 30тата Балканска Олимпијада по Информатика одржана во Марибор, Словенија. Во Ноември 2024 учествувал на ACM ICPC SEERC.