Марко Петров е роден во 2001 година во Битола. Своето средно образование го завршува во гимназијата „ОСУ Мирко Милески“ во Кичево, со континуиран одличен успех. Во 2020 се запишува на додипломски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје. Во текот на неговото студирање, наградуван е за висок успех, покажувајќи континуирана посветеност и одлични академски резултати. Во 2022 е избран за лаборант на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и активно изведувал лабораториски вежби по предметите Структурно програмирање, Објектно ориентирано програмирање, Интернет програмирање и Дизајн на интеракција човек-компјутер. Од третата година на неговите студии започнува со активна работа во индустријата, учествувајќи во различни софтверски проекти како софтверски инженер. Во 2024 година дипломира со просечна оценка 9.68 со дипломски труд „Семантичка сегментација во реално време“, под менторство на д-р Иван Китановски. Истата година, се запишува на постдипломски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, насока Софтверско инженерство. Полиња на негов научно-истражувачки интерес се длабоко учење, компјутерска визија, машинско учење, софтверско инженерство.