Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје објавува Конкурс во рамки на програмата Еразмус+ Акција 1: Индивидуална мобилност за студенти и наставен кадар за летниот семестар во академската 2017/2018 година.
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.
За размена на додипломско ниво, право на пријавување имаат само редовни студенти со завршена прва година на студии.
Времетраење на мобилноста за студенти: еден семестaр.
Времетраење на мобилноста на наставниот кадар: 1 недела (до 5 работни денови).
Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу Универзитетот и ЕУ универзитетите. (Види листа на Еразмус+договори)
Потребни документи за мобилност на студенти:
Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страната на Универзитетот www.ukim.edu.mk/меѓународна соработка/ЕРАЗМУС+ или интернет-страната на факултетот:
- пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
- договор за студирање (Learning Agreement) во кој се утврдува програмата за студирање , потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус координаторот и согласно компатибилноста на студиската програма, со факултетот во странство (30ЕКТС);
- уверение за положени испити на македонски јазик и превод на англиски јазик;
- најмалку една препорака (на англиски јазик);
- уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот издадена од признат центар/школа за странски јазици;
- уверение за редовен студент- запишан семестар/година (на македонски јазик);
- кратка биографија (Europass model).
Висината на стипендијата за студентите изнесува 450-500 ЕУР месечно, согласно земјата во која се престојува (Види листа на интернет-страната на Универзитетот.
Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично студентите.
Потребни документи за мобилност на наставен кадар:
мобилност за наставeн ангажман (teaching):
- (Staff Application Form) ;
- (Staff Mobility Agreement for Teaching) ;
- покана (Letter of invitation) од страна на Универзитетот- домаќин;
- кратка биографија (Europass model).
мобилност за обука (training) :
- (Staff Application Form);
- (Staff Mobility Agreement for Training) ;
- покана (Letter of invitation) од страна на Универзитетот- домаќин;
- кратка биографија (Europass model).
Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави факултетот согласно со утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата, мотивација.
При одлучувањето, предност ќе имаат кандидатите кои аплицираат за првпат и досега не користеле Еразмус+ стипендија.
Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата до Еразмус+ координаторот во три примерока на факултетот каде студираат најдоцна до 5 октомври 2017.
(Еден примерок за Еразмус+ коррдинаторот, еден примерок задржува студентот и еден примерок се доставува до Ректоратот на УКИМ)
(Види листа на Еразмус координатори по факултети).
Краен рок за поднесување на рангираните апликации од страна на факултетите до Ректоратот е 10 октомври 2017.
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ