ИЗБОР НА МЛАД ИНЖЕНЕР НА ГОДИНАТА

Инженерската институција на Македонија (ИМИ) по повод Денот на македонските инженери, избира млад инженер на годината. Целта на оваа иницијатива е најширока и ефикасна промоција на младите инженери на национално и меѓународно ниво што ќе придонесе младите луѓе да се определуваат за инженерска професија.

При изборот на млад инженер на годината се земаат предвид неговите инженерски достигнувања во годината на избор, при тоа се цени доблеста што ја поседува и неговиот потенцијал да биде пример и инспирација за помладите генерации, придонесувајќи за ентузијазам во инженерството, технологиите, природните науки и иновации.

Критериумите по кои се избира млад инженер на годината се:

  • лидерство и инспирација на младите;
  • креативност и иновативност;
  • споделување на знаење и ангажирање во заедницата;
  • општествено и етичко влијание на околината.

Во потесна селекција, избрани од Комисија на ИМИ, ќе влезат најмногу 5 од пријавените кандидати, за кои анонимно гласа Жири. Тоа брои најмалку 23 члена и е составено од претставници на Клубот на млади инженери, Клубот на носители на инженерски прстен, медиуми, студенти, професори, соработници на ИМИ, претставници од компании-партнери на ИМИ и јавни личности.

Наградата е платено учество на Европската конференција на млади инженери.

Свеченото прогласување ќе се одржи на 20 март, на настан по повод Денот на македонските инженери.

Линк до пријавата за избор на млад инженер на годината: https://bit.ly/prijava-yeps

Важни датуми при избор на млад инженер на годината

Датум Активност
5 февруари Повик за пријавување на кандидати за избор на млад инженер на годината.
25 февруари Краен рок за пријавување на кандидатите
28 февруари Избор на пет кандидати од пријавените млади инженери.
4 март Интервју со избраните пет млади инженери.
10 март Резултати од гласањето на Жири комисијата.
14 март Избор на млад инженер на годината.
20 март Свечено прогласување на млад инженер на годината.

Партнер на настанот е: Chapter4.mk