04/09/2024
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека по иницијатива од ФСС ФИНКИ и управата на Факултетот се оствари конструктивна средба по која беа донесени следниве Одлуки
ОДЛУКИ НА ДЕКАНСКАТА УПРАВА
Разгледувајќи и анализирајќи ги сите погоренаведени акти, управата на факултетот, на барање на студентите изнесени преку официјалните претставници на ФСС ФИНКИ, донесе следните одлуки:
- Одложување на примената на констатираното постапување
-
Примена од 1 октомври 2025 година: Одлуката за задолжително префрлање на активни студиски програми ќе стапи на сила од 1 октомври 2025 година. Ова одложување од една учебна година е со цел да се излезе во пресрет на студентите кои се во завршна фаза од нивното студирање и претставува поповолно толкување на правните акти кои важат за нив.
- Можност за завршување на дипломска работа
- Студенти од акредитацијата 2011-2013: Студентите кои ги имаат завршено сите обврски освен дипломската работа, добиваат можност истата да ја предадат најдоцна до 31 декември 2024 година. Ова им овозможува да ги завршат студиите без потреба од запишување нов семестар, со што се намалуваат административните и финансиските оптоварувања.
-
Останати студенти: Студентите кои не ги исполнуваат овие услови се должни да изберат активна студиска програма доколку сакаат да го продолжат своето студирање на факултетот.
- Продолжување на рокот за промена на насока
-
Студенти од акредитацијата 2013: Рокот за менување на студиската насока се продолжува за уште една година. Студентите кои нема да успеат да дипломираат до 1 октомври 2025 година, ќе мора да ја променат својата насока според активните студиски програми и акредитации во текот на наредната академска година. Ова продолжување им дава дополнително време за завршување на студиите според актуелните програми.
- Организација на советувања
- ФСС ФИНКИ во соработка со управата на факултетот ќе организира отворени средби за советување на сите заинтересирани студенти кои нема да можат да ги исполнат обврските во зададените рокови. На овие средби ќе се понудат соодветни решенија за продолжување на студиите.
-
Детали за советувањата (трибина) ќе се одржи на 05.09.2024 со почеток во 17ч на следниот ЛИНК.
Сакаме да изразиме наша искрена благодарност до ФСС ФИНКИ за нивната посветеност и напори во застапувањето на интересите на студентите. Ние ги поддржуваме нивните иницијативи и сме свесни за предизвиците со кои се соочуваат студентите на ФИНКИ. Се надеваме дека ваквите конструктивни средби ќе станат редовна пракса, преку која ќе се надминуваат проблемите и ќе се создава подобра академска средина. ФИНКИ постои за студентите, и како партнер на студентите, продолжуваме да работиме заедно за подобрување на нашето образование и искуство.
Исечок од запсиникот за текот на средбата може да видите тука.
1