Живко Атанаскоски е роден на 24.06.1997 година во Скопје, Република Северна Македонија. Средното образование го завршува во гимназијата „Раде Јовчевски - Корчагин“ со континуиран одличен успех.
Високото образование го продолжува на Факултетот за Информатички науки и Компјутерско инженерство - насока Компјутерски науки и инженерство. Дипломирал во 2022 година со дипломска работа на тема „Приоритетни системи за масовно опслужување“, под менторство на проф. д-р Верица Бакева Смиљкова.
Во учебната 2023/24 се запишува на магистерски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, насока Безбедност, Криптографија и Кодирање.
На ФИНКИ држи аудиториски и лабораториски вежби по предметите: Математика 1 / Калкулус, Математика 2 / Дискретна математика, Избрани теми од математика, Објектно-ориентирано програмирање и Мултимедијални технологии.
Полињата на неговиот научно - истражувачки интерес се: примена на веројатносни модели, теорија на информации, кодирање и криптографија.