Ема Пандилова е родена во 2001 година во Скопје. Средно гимназиско образование завршила со континуиран одличен успех во СУГСГ „Орце Николов“, Скопје. Притоа, учествува на повеќе натпревари од областа на математиката и биологијата, каде се има здобиено со бројни награди и признанија. Во 2020-та година се запишува на додипломски студии на насоката софтверско инженерство и информациски системи на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје. Во текот на нејзините студии, поради високите постигнувања и континуираниот успех, била повеќекратно наградувана и добитник на стипендии.
Во 2022 година, односно во третата година од додипломските студии, започнува со ангажман како лаборант на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, задолжена за предметите Структурно програмирање, Објектно- ориентирано програмирање, Објектно-ориентирана анализа и дизајн и Дизајн на интеракција човек-компјутер. Паралелно со студиите, работи во индустријата како инженер за машинско учење и на неколку софтверски проекти.
Дипломира во 2024 година со просечна оцена 9.64, со дипломски труд „Трансфер на знаење со YOLO за детектирање на објекти во сателитски слики“ под менторство на проф. д-р Иван Китановски. Со овој дипломски труд учествува и на ICT Innovations конференцијата, одржана истата година во Охрид.
Во учебната 2024/2025 година се запишува на постдипломски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, на студиската програма Софтверско инженерство.
Научни полиња од особен интерес за кандидатот се: машинско учење, компјутерска визија, длабоко учење, софтверско инженерство, генеративна вештачка интелигенција.