Родена е 1997 година во Скопје. Средно образование завршува во гимназија “Орце Николов” на природно-математички смер со континуиран одличен успех. Своето образование го продолжува на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на смерот Компјутерски Науки и Инженерство. Во учебната 2018/2019 и 2019/2020 изведува лабораториски вежби по предметите Бази на податоци, Објектно-ориентирано програмирање и Објектно-ориентирана анализа и дизајн. Дипломира во 2020 година со просечен успех 9.38, а нејзиниот дипломски труд е дел од научно-истражувачките активности на МАНУ за време на Ковид пандемијата. По дипломирањето работи во компанијата Loka како дел од Backend тимот. Во 2023 година извршува студиски престој во Дрезден, Германија како стипендистка на DAAD организацијата. Од 2024 година ги продолжува своите студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на смерот Пресметување во облак. Автор и ко-автор е на неколку научни трудови. Нејзини области од интерес се инфраструктура и технологии во облак, компјутерски мрежи, дистрибуирани системи и софтверски развој.