Во рамките на Х2020 проектот Виртуелни истражувачки околини за регионалните интердисциплинарни заедници во југоисточна Европа и источен Медитеран - ВИ- СЕЕМ, на 18.10.2017 година ќе се одржи дисеминациски настан за претставување на можностите што проектот ги нуди за истражувачката заедница во РМ. Целни групи се пред се истражувачите од областите:
- климатологија
- науки за животот
- дигитализација на културно наследство.
Преку сервисите и инфраструктурата која ја нуди овој проект, се овозможува нивно поуспешно вклучување во современите трендови на компјутерско потпомогнато истражување и користење на расположливите е-Инфраструктури на национално и европско ниво.
Повеќе информации за настанот (агенда, предавачи, материјали) ќе најдете на страницата: https://events.hpc.grnet.gr/event/55/
Настанот ќе се одржи во Амфитеатарот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (Анекс на ТМФ), во периодот од 9:30 до 16:00 часот.
Ве повикуваме да учествувате на овој настан за да се запознаете со можностите што ги нуди инфраструктурата во рамките на овој проект, но и пошироко, како и за воспоставување на нови контакти и можности за соработка.
За учество, ве молиме да се регистрирате на следната страница најдоцна до 15.10.2017 година: https://events.hpc.grnet.gr/event/55/registration/