
Втората едуконференција на наставници и информатичари 2016, во организација на здружението Пријатели на образованието, а поддржана од ФИНКИ, ќе се одржи од 1 до 3 април 2016 година и ќе биде наменета за наставници и студенти – идни наставници, со цел да им помогне во развивањето и подобрувањето на организациските, комуникативните, методолошките и дидактичките вештини.
На Едуконференцијата за наставници и информатичари 2016 ќе се презентираат примери од наставата кои се потврдени како ефективни, корисни и интересни. Ќе се дискутира на многу теми од интерес за професорскиот професионален развој. Учесници ќе имаат можност да следат предавања на експертите од земјата и странство, кои се истакнати и афирмирани во педагошките и информатичките сфери.
Повеќе информации на следниот линк.