Компанијата Neocom објавува оглас за вработување. Подетални информации можат да се добијат подолу.
РАБОТНО МЕСТО - СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА IKT ПРОДАЖБА
Активности:
• Развивање и одржување на релации со потенцијални и актуелни клиенти.
• Учество и спроведување на продажен процес преку тендерско аплицирање.
• Изработка и процесирање на понуди, договори, фактури, следење на наплата од клиенти.
• Иницијативност и проактивност при презентирање на техничките решенија што се нудат
• Комуникациски и презентациски вештини како и способност за тимска работа.
• Комуникација со претставници на brand-овите што се застапуваат
• Пожелно работно искуство во продажба.
• Интерес и разбирање на информатичките и комуникациските технологии, со посебен акцент на компјутерски мрежи и безбедност на податоци.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
• ВСС од Информатички технологии
• Компјутерски способности: Office, Excel, Word
• Познавање на англиски јазик (солидно пишување и говорење)
• Активен возач со Б категорија со или без искуство
Е-ПОШТА: job@neocom.com.mk
Сите пријави ќе бидат третирани со строга доверливост.
Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.