На барање на матурантите и средношколците кои не успеаа да нè посетат до сега, во среда, 30 мај 2012 година, во периодот од 12:00 - 14:00 часот, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство организира „Запознавање со ФИНКИ“. Тоа е настан на кој идните студенти ќе имаат можност директно да се запознаат со можностите за студирање на Факултетот. Настанот ќе се одржи во просториите на ФИНКИ - на техничко-технолошкиот кампус и зградата на Технолошки факултет, во Карпош 2 во Скопје.

Ги повикуваме сите матуранти да дојдат и заедно со своите постари колеги од ФИНКИ од прва рака да се запознаат со Факултетот, со начинот, условите и можностите за студирање, со студиските програми, со лабораториите, просториите за предавање, своите идни професори и асистенти, итн.
 
Присутните ќе имаат можност да видат како е да се биде дел од нашата академска средина, да дознаат за предностите на Европскиот кредит трансфер систем, да бидат запознаени и со сé она што кадарот на Факултетот и неговите студенти го постигнале во својата тридецениска традиција, со бенефициите од нашата диплома која ќе претставува синоним за успех и која ќе овозможува успешна кариера, како и системот преку кој е многу лесно да се учествува во пракса во земјава и странство.
 
Програма:
  • 12:00 - 13:00 - Разгледување на лабораториите и просториите на Факултетот, студентските организации 
  • 13:00 - 13:30 - Пленарно обраќање на претставник од ФИНКИ
  • 13:30 - 14:00 - Презентација за искуството од студирање на ФИНКИ од страна на дел од студентите на Факултетот
  • 12:00 - 15:00 - Разгледување на лабораториите и просториите на Факултетот,

Во меѓувреме, останете во тек со случувањата и поврзете се со нас преку Facebook и Twitter.
 
Ве очекуваме!