03/09/2012

Во согласност со Дополнителниот конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2012/2013 година, пријавувањето на кандидатите за вториот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи на 3 и 4 септември 2012 година.
Сите детали за уписот на додипломски студии можете да ги погледнете во делот Уписи - Додипломски студии или во веста поставена на официјалната страна на Факултетот. Календарот на активности за вториот уписен рок е објавен на почетната страна на Join порталот.