12/09/2011

Уписите на зимскиот семестар на ФИНКИ ќе се одвиваат во периодот 13 - 23.09.2011 година, од 10:00 - 14:00 часот, на следните локации:
– За студентите на студиските програми пренесени од ФЕИТ, во лабораторијата SoCD;
– За студентите на студиските програми пренесени од ПМФ, во просторијата 161, горна зграда на ПМФ.
Листата на потребни документи за запишување на семестар можете да ја погледнете на овој линк.