05/09/2013

Почитувани студенти, ФИНКИ во договор со Студентскиот парламент на ФИНКИ организира информативна трибина во врска со префрлувањето на новите акредитирани студиски програми. На оваа трибина професори од управата ќе одговорат на сите прашања во врска со префрлувањето на новите студиски програми. Информации за префрлувањето можете да добиете во соопштението објавено на веб страната на Факултетот.
Трибината ќе се одржи во петок, 06.09.2013 година, од 9 до 10 часот во предавална 117.