27/07/2012

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2012/13 година, пријавувањето на кандидатите за третиот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи на 17 септември 2012 година.
Сите детали за уписот на додипломски студии можете да ги погледнете во делот Уписи - Додипломски студии.