Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2012/13 година, пријавувањето на кандидатите за првиот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи на 16 и 17 август 2012 година. Кандидатите можат да ги поднесуваат документите во период од 9 до 14:30 часот.
 
Согласно правилата на Универзитетот сите кандидати за запишување на факултетите мора да се регистрираат на системот за електронско спроведување на уписи на УКИМ. Кандидатите можат да се регистрираат на iKnow системот за уписи со кликнување на овој линк. Упатство како да се регистрирате и како да ја пополните електронската пријава на iKnow системот е прикажано на ова видео. На овој систем ќе бидат објавени ранг листите после уписите и преку него ќе може да ги следите информациите за процесот на запишување. 
 
 
 
Упатство за тоа како да се регистрирате на iKnow системот можете да најдете на следниот инфографик. За поделтален опис, погледнете го видеото прикажано подолу.
 
 
 
 На Join, порталот за идни студенти на ФИНКИ, Факултетот ќе објавува соопштенија и документи поврзани со уписите.
 
 
 
Join порталот е портал од информативен карактер и не претставува замена за системот за електронско спроведување на уписи.
 
Сите детали за уписот на додипломски студии можете да ги погледнете во делот Уписи - Додипломски студии