На 16 април 2011 година, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство организира Отворен ден, на кои идните студенти ќе имаат можност директно да се запознаат со можностите за студирање на Факултетот. Отворениот ден ќе се одржи во просториите на ФИНКИ - на техничко-технолошкиот кампус и зградата на Технолошки факултет, во Карпош 2.
 
Ги повикуваме сите матуранти да дојдат и заедно со своите постари колеги од ФИНКИ од прва рака да се запознаат со Факултетот, со начинот, условите и можностите за студирање, со студиските програми, со лабораториите, просториите за предавање, итн.
 
Присутните ќе имаат можност да видат како е да се биде дел од нашата академска средина, да дознаат за предностите на Европскиот кредит трансфер систем, да бидат запознаени и со сé она што кадарот на Факултетот и неговите студенти од Институтот за информатика од ПМФ и Институтот за компјутерска техника и информатика од ФЕИТ го постигнале во својата тридецениска традиција, со бенефициите од нашата диплома која ќе претставува синоним за успех и која ќе овозможува успешна кариера, како и системот преку кој е многу лесно да се учествува во пракса во земјава и странство.
 
За повеќе информации, погледнете ја презентацијата на ФИНКИ.
 
Во меѓувреме, останете во тек со случувањата и поврзете се со нас преку Facebook и Twitter.
 
Ве очекуваме!